Кризното советување како форма на психолошка помош и поддршка се повикува на методите што се користат за краткотрајна и привремена психолошка помош. Неговата цел е да обезбеди активна поддршка на индивидуата којашто во моментот поминува низ животно искуство коешто може да предизвика одредени психички, физички, емоционални или бихејвиорални промени и потешкотии кај личноста. Кризното советување има за цел да ги минимизира последиците и да ги редуцира негативните ефекти од шокот или траумата коишто го засегаат психичкото и физичкото здравје на индивидуата. При ваквиот вид на советување, советниците се фокусираат на моменталната состојба на личноста, озвозможувајќи и соодветна помош и поддршка при справувањето со кризата и нејзино надминување. Како форма на психолошка помош бара стручна подготвеност на советниците, вештини и способности за советување на клиенти коишто поминуваат низ животни кризи и трауми. Притоа, советниците не вршат долготрајна психотерапија, туку пружаат моментална и краткотрајна интервенција преку којашто клиентите добиваат помош, поддршка и ресурси со цел да се справат со новонастанатата ситуација.

Советување при непланирана бременост

Бременоста претставува еден вид на криза во животот на жената, односно во животот на двајцата партнери, бидејќи сама по себе носи промена и бара реорганизација на партнерскиот или семејниот систем. Некои од причините поради кои партнерите може да ја доживеат бременоста како “земјотрес“ во системот се : нејзината непланираност, партнерите сметаат дека се премногу млади за да бидат родители, не се во брак, проблеми во бракот/врската, финансиски причини и слично. sovetuvanje

Зошто е важно кризното советување?

Кога станува збор за непланирана бременост, често пати кај жената може да се појават многу силни и амбивалентни чувства и емоции. При ваквата психичка и емоционална состојба клиентите се наоѓаат во ризик да донесат избрзани одлуки под влијание на моменталните чувства и емоции. Доколку одлуката биде избрзано направена или донесена под притисок, кај клиентите може да се појават: чувство на вина, гнев, тага, разочараност, што подоцна може да доведат и до депресивно расположение и други психолошки потешкотии. Заради таквата психичка и емоционална ранливост на клиентите во моментот на криза, од голема важност е психолошкото советување и поддршка што клиентите можат да го добијат преку советниците. Разговорот со стручно лице може да ѝ помогне на жената преку прашања да ги истражи своите чувства и да погледне на новонастанатата ситуација согледувајќи ги сите опции, можности и ризиците, придобивките или загубите што произлегуваат од нив, со цел таа самостојно да направи избор и да донесе добро информирана одлука. Советникот е тука за жената и за нејзиното потесно семејство,  да пружи безрезервна поддршка и разбирање, без никаква осуда за одлуката што ќе биде направена.

Советувањето во „И сега што“

Советниците кои се дел од нашето советувалиште се обучени за кризно советување на жени кои се соочуваат со непланирана бременост и репродуктивна загуба. Советувањата се бесплани, без никаков надоместок за дадената услуга, со цел секоја жена да има можност да го реализира своето право да биде советувана и добро информирана пред да донесе било каква одлука поврзана со нејзината бременост. maz i zena na sovetuvanje

Советувањето овозможува:

– Низ разговор со советникот клиентот да ги испроцесира мислите и чувствата поврзани со непланираната бременост – Поддршка при соочување и справување со новонастанатата ситуација којашто може да биде шок за жената нејзиниот партнер, семејството. – Можност да се дискутира подетално за сите опции – Информации за ризикот, последиците и придобивките од секоја една опција – Практични информации за правата што ги имаат жените и поддршката што им следува на клиентите Услугите што може жената да ги добие во „И сега што“, покрај бесплатното советување, се: бесплатен тест за бременост и практична помош и поддршка за клиентите во потреба. Исто така нудиме и бесплатно советување и поддршка и за клиентите кои веќе поминале низ искуство на репродуктивна загуба (абортус или спонтан абортус).

Нашите услуги се:

Бесплатни; – Неосудувачки – Cоветниците се тука да помогнат, а не да осудуваат; – Недирективни – Cоветниците не се тука да наметнат одлука, туку да дадат вистински информации за подоцна клиетот самостојно да донесе одлука врз основа на добра информираност; – Доверливи – Oна што е кажано за време на советувањето е строго доверливо; – Професионални – Cоветниците се обучени за кризно советување при непланирана бременост. Доколку вие или некој ваш близок се наоѓа во ваква или слична ситуација при што би му била добредојдена нашата помош, ве молиме исконтактирајте нè на следниот телефонски број 070 – 231 – 807.

Тимот на „И сега што“ е тука за вас!