Како да знам дали сум бремена?
Покрај изостанувањето на месечниот циклус, што е еден од најчестите симптоми кој укажува на можна бременост, во телото на жената може да се случуваат и други промени од типот на мачнина (особено изразена наутро), болка во градите кои се осетливи на допир, често мокрење, чести промени во расположението и др.

Тестот за бременост е еден од начините да се утврди дали се работи за бременост. Тестот може да се купи во аптека и да се направи во домашни услови или да ни се обратите на нашиот број за контакт и да закажете средба за да направите бесплатен тест за бременост во центарот каде истовремено можете да добиете бесплатно советување и поддршка , независно од добиениот резултат.

Доколку сте направиле тест за бременост но не сте сигурни во резултатот, следен чекор е да направите тест преку крв во некоја лабараторија или да посетите гинеколог.