Советување при НЕПЛАНИРАНА БРЕМЕНОСТ

Дали се соочуваш со непланирана бременост?

Можеби во моментот се чуствуваш збунето и исплашено?

Доколку твојата бременост е непланирана, измешаните емоции и чувството на паника, страв, збунетост и неолучност, може да бидат твојата прва реакција на новонастанатата ситуација.

Веруваме дека во овие моменти она што може да ти помогне е разговор и поддршка.

Во нашиот центар можеш да добиеш бесплатно советување со стручно лице.

Ваквиот разговор може да ти помогне.

Исто така при првата посета на нашиот центар доколку имаш потреба можеш да добиеш и бесплатен тест за бременост.

Со бременоста не мораш да се справуваш сама. Ние сме тука за ТЕБЕ!

Закажи ја твојата прва консултација денес.

Советување при РЕПРОДУКТИВНА ЗАГУБА

Абортусот и спонатаниот абортус како видови на репродуктивна загуба понекогаш се случува негативно да се рефлектираат врз психичкото здравје и добросостојбата на жената.  Процесот на справување и прифаќање на загубата започнува и трае различно кај секоја личност.

Дали можеби имаш искуство на абортус или спонтан абортус? Се прашуваш како да продолжиш понатаму? Нашите советници се тука за тебе да ти пружат поддршка и разбирање.

Во нашиот центар можеш да добиеш бесплатно индивидуално советување или да станеш дел од групата за поддршка на жени со искуство на репродуктивна загуба и програмата  НАДЕЖ“.

Повеќе информации за групите за поддршка можеш да дознаеш тука.

Денес закажи го твојот термин за бесплатно советување преку нашиот број за контакт (070 231 807) или со пополнување на формуларот за контакт.

Разговорот со стручно лице може да ти помогне. Ти не си сама! Ние сме тука за ТЕБЕ!

 

ГРУПИ ЗА ПОДДРШКА

Групите за поддршка на жени кои поминале низ искуство на репродуктивна загуба – абортус или спонтан абортус, се водени од стручно лице – советник, а се составени од 6-10 жени кои споделуваат слични искуства.

Учеството во овие групиза поддршка може да ти помогне:

  • Подобро да се разбереш себеси, твоите емоции и однесување;
  • Да ти помогне во справување со загубата и прифаќање на истата.

Дополнителни информации во врска со групите:

  • Програмата НАДЕЖ се состои од 8 средби.
  • Секоја средба е во времетраење од 120 минути.
  • Средбите ќе се одржуваат во термини што се прифатливи за мнозинството членови во групата, два пати во текот на еден месец.
  • Одржувањето на средбите ќе биде во центрот на „ И сега што во Скопје, а постои можноста и за формирање на онлајн група. За жените кои се од другите градови средбите ќе се одвиваат според дополнителен договор или онлајн.
  • Доколку те интересираат дополнителни информации околу програмата и групите за поддршка исконтактирај нѐ на следниот телефонски број: 070 231 807.

Искуства од учеснички во програмата:

„Моето искуство би го опишала со неколку зборови: ослободување, надеж, поддршка, разбирање и верба.“ – К

 „Едно ново искуство за мене, кое многу ми помогна, ми овозможи да разберам зашто сум се чувствувала не убаво во некои ситуации после спонтаните абортуси. Ме научи дека јас и моето тело сме едно и дека секогаш делуваме заедно.“ – М

„Бев скептик кога дојдов прв пат на средбата, но 8 среди подоцна, да бидам дел од оваа група за поддршка беше најдобрата и најкорисна одлука што можев да ја донесам за мојата ментална благосостојба. Неизмерно сум благодарна!“ – Д

Направи чекор кон промена во твојот живот денес!

Стани дел од групата за поддршка со пополнување на формуларот подолу.

 

Формулар за пријавување

Пријавување за учество во група за поддршка

Доколку сакате да бидете дел од групата за поддршка на жени кои искусиле репродуктивна загуба абортус или спонтан абортус, Ве молиме пополнете ги следниве прашања со Вашите лични податоци.