Како центар за помош на жени го вреднуваме физичкото и психичкото здравје на жената и токму затоа сметаме дека заслужуваш и имаш право да бидеш советувана и добро информирана за сите можни опции, пред донесувањето на било каква одлука поврзана со твојата бременост.
Родителство
Родителството претставува одлука да се роди детето и да се преземе одговорноста и грижата за него. Ваквата одлука ни најмалку не е лесна и со себе носи голем предизвик, но истовремено носи и голема радост. Нашиот тим може да ти помогне да се подготвиш за оваа важна улога преку советување, материјална и практишна помош и поддршка.

Посвојување
Опцијата посвојување всушност значи одлука да продолжиш со твојата бременост до самиот крај, а друго семејство да продолжи да се грижи за твоето дете откако ќе се роди . Оваа одлука воопшто не е едноставна и затоа нашиот тим на советници сака да биде тука за тебе како поддршка доколку одлучиш да поминеш низ еден ваков процес.
Абортус
Абортусот претставува предвремен прекин на бременоста. Оваа опција може со себе да носи ризик по здравјето и добросостојбата на жената поради одредени физички и психички последици коишто може да се појават после самата интервенција.
На овај линк можеш да добиеш повеќе информации околу абортусот.